Агенцијата за истражување на јавното мислење. Брима Галуп во периодот од 18 септември до 11 октомври 2023 година спроведе анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните од турската заедница во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 333 испитаници од 38 општини на возраст над 18 години.

Дури 67.5% од испитаниците сметаат дека членството на С. Македонија во ЕУ е добра работа, 23.4% се изјасниле неутрално по ова прашање, додека 6.9% од анкетираните сметаат дека членството во ЕУ е лоша работа.

На прашањето – доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за која партија би гласале, 22.5% од испитаниците се определиле за Партија за движење на Турците (ТХП), 20.4 отсто за Демократска Партија на Турците, 7.8 отсто за ДНЕТ, 2.7 отсто за СДСМ, 2.4 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 0.3 отсто за ДУИ, додека 22.8 отсто од анкетираните се изјасниле дека се неодлучни.

Дури 74.5 отсто од испитаниците се изјасниле дека најверојатно би гласале на следните избори.

На прашањето – во кој турски политички лидер во С. Македонија имате најголема доверба, 23.7 отсто од анкетираните рекле Енес Ибрахим, 20.7% Ердоган Сарач, 10.8% Бејџан Иљас.

Интересно е да се спомне дека само 28.8% од испитаниците рекле дека го следат МРТВ на турски јазик, а дури 60.7% воопшто не слушнале за владината одлука со која е основан „Центар за култура на турската заедница во С. Македонија“.

Share.

Leave A Reply